Антониа Гиговска со тетоважа на вратот „Бакни тука“ и полутанга бикини на одмор во природно издание
- Детали
- среда, 31 август 2022
По тетоважата под градите, на рамото, на раката, Антониа Гиговска има и тетоважа на вратот која најмногу ги заинтригира фановите. Пејачката ужива на море и ги полни батериите за нови проекти...
Aнтониа Гиговска периодов го користи за одмор на море, но не открива на која дестинација престојува.
Пејачката на својот Инстаграм профил напиша:
„На одмор сум, сакам и море, ама сакам и студио. Сакам нова песна, затоа се враќам за 4 дена.“
Во црни полутанга бикини, таа ја покажува својата природна убавина, но и тетоважи по телото, од кои фановите најмногу ги заинтригира онаа на вратот.
На прашање од фановите Гиговска откри дека станува збор за тетоважа што вели: „Бакни тука“.
Фотки од одморот на Антониа:
С. С. | Црнобело