„Лана Марија наполни 5“ - Милена Антовска го прослави роденденот на поголемата ќеркичка на голем ден
- Детали
- вторник, 30 август 2022
„Не дека е моја, не дека е наша ама има зошто е родена на еден од најубавите празници, Успение на Пресвета Богородица...“, напиша водителката Милена Антовска Станковска по повод 5-тиот роденден на ќерката за која направи тематска Мини Маус забава.
Водителката Милена Антовска Станковска е мајка на две прекрасни ќерки Лана Марија и Јоана. Помалата ќеркичка Јоана ја роди во јануари, а сега Милена на Фејсбук објави фотографии од 5-тиот роденден на нејзината прва љубов Лана Марија.
Со сопругот Гордан и малата Јоана, тие го славеа овој убав ден со многу црвено-црни балони и Мини Маус тематска забава.
Милена по поводот роденденот на својата ќерка напиша:
„Лана Марија вчера наполни 5 години и веќе мисли дека е многу голема. Да ни е жива и здрава и да нè радува и секако да нè нервира цел живот.
Не дека е моја, не дека е наша ама има зошто е родена на еден од најубавите празници, Успение на Пресвета Богородица.
Те сакаме“
С. С. | Црнобело