Бајковит 3-ти роденден во Крива Паланка со многу балони и модно усогласени мајка и син (фото)
- Детали
- четврток, 21 јули 2022
Роденденска забава со торта на два ката со диви животни и многу балони, но и со мајка која блеска и е модно усогласена со синчето на неговиот 3-ти роденден.
Грета Величковски од Крива Паланка е мајка на 2 дечиња, ќерката Каја има 8 години, а нејзиното синче Иван деновиве го прослави својот 3-ти роденден.
Таа на малиот Иван му организираше роденденска забава со тема „диви животни“ и како што ни открива Грета, тоа било лично негова желба.
Со многу балони, хармонична палета на бои и торта со диви животни, фотографиите од роденденската прослава изгледаат навистина бајковито.
Грета и Иван се модно усогласени, а во сличен стил е и нејзината наследничка Каја.
Роденденската забава на малиот Иван: