Надреална убавина: Недогледни полиња сончогледи меѓу Прилеп и Македонски Брод (фото)
- Детали
- четврток, 14 јули 2022
Зоран од Охрид за CRNOBELO.com вели дека не можел да ѝ одолее на убавината на полињата сончогледи на патот од прилепско за Македонски Брод, па морал да ја овековечи со фотографии. Надреална убавина, зарем не?
Зоран Спирковски од Охрид, кој се занимава со фотографија од хоби, на совршен начин ни ја доловува убавината на сочогледите кои можеме да ги сретнеме на разни дестинации низ Македонија.
Тој ги фотографирал вчера (13.07) на патот од прилепско за Македонски Брод.
Зоран Спирковски за CRNOBELO.com вели:
„Сончогледот како маслодајна култура, порано бил застапен во голема мера кај нас, но во денешно време за жал сè помалку го има.
Неговата живописност од секогаш била непресушна инспирација за разновидни уметнички креации, па така и за мене беше инспирација на прв поглед, морав да ја овековечам со фотографии неговата надреална убавина.“
Прекрасните полиња сончогледи:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / Фото: Зоран Спирковски