„Не мислам дека сликава е вулгарна“ - Антониа Гиговска во топлес издание со предлог да го промени името
- Детали
- четврток, 14 јули 2022
„Веќе подолго време размислувам да го променам своето име, па што мислите моето ново уметничко име да биде „Тоња“ (Tonya)? Ве сака Антониа или Тоња? Ве чекам во коментари!“
фото: Стефан Николовски (горе/средина)
Анатониа Гиговска постојано работи на себе, како на својата линија, така на модните стајлинзи, но и на себепромоцијата и во Србија, како што беше неодамнешното гостување во Амиџи шоу.
Но, сега таа одите чекор понатаму, па со смела фотографија од себе во топлес издание, таа ги замоли фановите да гласаат дали да го промени своето уметничко име.
Нејзината објава:
„Многу ме убедуваа за сликава, па конечно собрав храброст, а имам и причина. Веќе подолго време размислувам да го променам своето име, па што мислите моето ново уметничко име да биде „Тоња“ (Tonya)?
П. С. Воопшто не мислам дека сликава е вулгарна, напротив мислам дека е ремек дело од мојот пријател и соработник Стефан Николовски и воедно и една од моите најомилени свои фотографии.
Ве сака Антониа или Тоња? Ве чекам во коментари!“
Најголемиот дел од коментарите беа да остане Антониа, а потоа и самата на Инстаграм Стори заклучи: „Ќе останам Антониа изгледа, а?“
С. С. | Црнобело