Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ направи бајковита црковна свадба со струмичанката Душица (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 27 јуни 2022
„Уште еден магичен танц од соништата, посветен на прекрасните младенци Душица и Игор во прекрасен амбиент, преполн љубов...“, напиша Илма Карахмет која беше задолжена за првиот свадбен танц на парот. За целовечерната забава во Мостар беше задолжен нашиот Драган Темелков, познат како Johnny Live.
Душица Андоновска од Струмица е во граѓански брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, некогашен играч на Вардар, веќе една година, а викендов (саботата 25.06) тие стапија и во црковен брак и направија бајковита прослава во Мостар, Босна и Херцеговина.
Песната за првиот свадбен танц им ја отпеа Илма Карахмет, а за целовечерната забава беше задолжен нашиот пејач Драган Темелков, познат како Johnny Live.
Невестата носеше романтична венчаница со долг вел, а младоженецот беше елегантен во црн костим.
За склучувањето на граѓанскиот брак минатата година таа носеше кус фустан, а тој патики.
фото: Инстаграм Душица Карачиќ
Душица во описот на една од свадбените видеа напиша:
„Ти благодариме убава Илма Карахмет што овој миг го направи толку специјален за нас. Не можеше да биде поубав и ќе го помниме до крајот на нашите животи. Ти си толку прекрасна, талентирана млада жена и ти го посакувам целиот успех на светот.“
Илма Карахмет исто така сподели видео од нејзиниот настап на свадбата и напиша:
„Уште еден магичен танц од соништата, посветен на прекрасните младенци Душица и Игор во прекрасен амбиент, преполн љубов. Ви благодарам на укажаната доверба, ми беше задоволство да ги споделам овие прекрасни мигови со вас.“
https://www.instagram.com/p/Cdlt_UVjmd3/
На својот Фејсбук профил сподели видео и Драган Темелков (Johnny Live):
„Ви благодарам Игор и Душица за довербата токму јас да се погрижам за оваа забава. Чест и задоволство ми беше да пеам за вас и ви посакувам многу среќа и радост. Магично беше. Им благодарам на сите пријатели што ни помогнаа забавата да биде на највисоко ниво. Ве сакам!“
Фотографии и видеа од прославата:
Прочитајте и за љубовната приказна на сестрата близначка на Душица - Германскиот ракометар Кристијан Дисингер ја запроси својата девојка - струмичанката Марија Андоновска (фото)
С. С. | Црнобело