Се омажи сестрата на Натали Грубовиќ – уникатна невеста во кусо фустанче со балетанки
- Детали
- четврток, 09 јуни 2022
Со кусо светкаво фустанче и балетанки, Марија Грубовиќ му кажа „да“ на својот избраник Бојан. Веселата невеста дури и запеа на својата свадба, со сестрите Натали и Радица до себе.
Вчеравечер (08.06) Марија Грубовиќ, сестрата на Натали Грубовиќ се омажи за својот сакан Бојан.
Во кусо светкаво фустанче, распеана и разиграна, Марија уживаше во свадбената церемонија, а се разбира до неа беа нејзините две сестри Натали и Радица.
Натали за оваа пригода се одлучи за тесен портокалов фустан, a на Инстаграм Стори сподели неколку фотографии од прославата. „Најубавата невеста“, напиша таа.
Меѓу гостите на свадбата беше и водителката Елена Стефановска, којa на Инстаграм Стори сподели неколку видеа од веселата атмосфера.
Невестата во еден миг дури се фати за микрофонот и запеа.
Свадбената атмосфера:
С. С. | Црнобело