5 бич барови во Дојран (за комплетна релаксација покрај Дојранското Езеро)
- Детали
- петок, 10 јуни 2022
Од совршените инстаграмџиски катчиња на бич барот Фук-Так до природната сенка на дел од лежалките од бич барот Re-Form, ајде за миг да отпатуваме во Дојран... Кафе или коктел покрај Дојранското Езеро секогаш е добра идеја, нели?
Кафе на мирно утро покрај Дојранското Езеро или пак коктел среде џагор напладне во ек на сезона, за каква опција сте вие?
Дојран е одлично место за полнење на батериите, а нè радува што сè повеќе се вложува во изгледот на бич баровите таму.
Почнува да се инвестира во лежалки, чадори, но и инстаграмџиски катчиња, а лидер во тоа е бич барот Фук-Так. Потоа, тука е и базенот покрај езеро во склоп на хотел Романтик, како и бич барот Re-Form кој нуди дури и природна сенка, односно лежалки под дрво.
Дел од бич баровите во Дојран:
Бич бар Фук-Так
https://www.instagram.com/p/CERw5ikBsoG/
Хотел Романтик
Хавана бич бар
Бич Бар Re-Form
Алекс бич