Браво! Талентирана Македонка отпеа песна во бар во Милано и ги крена сите на нозе (видео)
- Детали
- понеделник, 30 мај 2022
Деновиве на Инстаграм вирално се шири видео од талентирана Македонка која пее во бар во Милано – за CRNOBELO.com Ема открива дека понесена од атмосферата, решила да му се придружи на музичарот и да отпее песна со него.
Песната All of Me на Џон Леџенд е една од најемотивните песни на познатиот музичар, а како звучеше во изведба на нашата Ема Јакимова и тоа среде Милано?
Понесена од убавата атмосфера и музиката, додека биле во еден бар за време на патувањето во Милано, Ема одлучила да му се придружи на музичарот што свирел на гитара.
Благодарение на извонредните гласовни можности, талентот и секако, харизмата, Ема успеа да ги крене на нозе сите, а таа во изјава за CRNOBELO.com сподели која е приказната зад ова видео.
„Заедно со моите пријателки бевме на girls trip во Милано, во најубавиот период да се посети Италија - а тоа е пролет. Седејќи во еден прекрасен бар во Милано на Navigli, додека уживавме во нашиот Aperol Spritz, го забележав Џорџо (така се вика музичарот) како свири и пее песни кои многу ми се допаднаа.
Затоа што верувам дека целосно треба да се искористи магијата на моментот, решив да му се придружам и да отпееме нешто заедно. Беше прекрасен момент, во кој навистина уживав. Откако ја отпеав песната, сфатив дека сите што во моментот беа на шеталиштето и во околните барови, исто така уживале “ – раскажува таа.
Погледнете како звучеше All of Me во Милано, во изведба на Ема Јакимова:
Б. С. Б. | Црнобело