Актерот Жарко Димоски направи свадба, Ања Ветерова дипломираше на Беркли: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 09 мај 2022
Лила Филиповска со фотографија од море порачува дека нема ниту еден комплекс, а актерот Жарко Димоски во бел костум со својата прекрасна невеста крај себе уживаше во танцувањето и забавата до раните утрински часови. Нивното „засекогаш“ почна во Ровињ во 2020-та, но сега и официјално направија свадбена церемонија. Присуствуваа и неговите колеги - актерите Едмонд Сотир, Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски.
Актерот и водител Жарко Димоски викендов направи прекрасна свадба со својата сакана Андреа. Парот славеше до раните утрински часови со најблиските, а старосват на Жарко му беше неговиот колега, актерот Едмонд Сотир.
Да се потсетиме дека Жарко и Андреа на 10.08.2020 објавија фотографии и видеа од Ровињ со кои открија дека нивното „засекогаш“ почнува во тој миг, но очигледно за свадбената церемонија чекаа да се смири ситуацијата со пандемијата за да можат да прослават во поголем круг.
Потсетување на атмосферата во Ровињ:
Лила Филиповска во бикини издание откри дека нема комплекси, а пак Ања Ветерова дипломираше на музичкиот колеџ Беркли и нагласи дека соништата се исполнуваат.