Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македонскиот режисер Зоран Петровски победи во бугарскиот Survivor: „Бев искрен од почеток до крај“

„Прекрасно е чувството на победата“ - вели македонскиот режисер Зоран Петровски (30), кој победи во бугарското издание на шоуто Survivor и освои награда од 150.000 лева (околу 76.000 евра).

makedonskiot-rezhiser-zoran-petrovski-pobedi-vo-bugarskiot-survivor-bev-iskren-od-pochetok-do-kraj-01.jpg

Ова шоу се снимаше на Филипините, а учесниците цели 43 дена требаше да издржат недостатоци на храна, да внимаваат на напади од животни и да се заштитат од тропски бури.

Благодарение на брзото размислување и инстинктот за преживување, Зоран кој е роден во Скопје, во шоуто успеа да се наметне како лидер и да привлече голем број сојузници.

„Прекрасно е чувството на победата. Благодарам! На Филипините се претопив со местото, со природата и со играта. Бев искрен од почеток до крај“ – изјави тој откако ја презема големата парична награда.

Деветчленото жири, составено од претходните учесници во тековната сезона, гласаше на Филипините, а нивните гласови беа откриени за време на студиската емисија во телевизијата бТВ.

Доколку гласовите беа изедначени, гласањето немаше да се повтори, а одлуката за тоа кој ќе ја добие наградата требаше да ја даде публиката. Сепак, Зоран беше прогласен за неприкосновен победник.

Инаку, Зоран играше и режираше неколку епизоди од мошне популарната бугарска ТВ серија „Под прикритие“, каде ја запозна љубовта на својот живот, актерката Силвија Петкова со која во 2016-та година го доби и синот Сива.

Токму тие и го придружуваа на сцената во моментот кога ја зема наградата.

Погледнете повеќе фотографии од Зоран во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Македонскиот актер Жарко Димоски гради кариера во Белград: „Дел сум од театарот Одеон“ „Македонските актери се многу ценети во Србија, уште од времето на Југославија, ...
Анита од Берово се породи, откако докторите ѝ предвидоа 8% шанси за живот: „Софија е моето мало чудо... „Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Амела од Скопје за синот со аутизам: „Тие не беа таму кога врескаше во автомобилот, кога се удираше ... „Сине, Леон мој... Никој не слушна како срцето ми пукаше синхронизиран...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg