Македонската евровизиска претставничка во здолниште и кроп-топ на виолетовиот тепих во Мадрид: „Ова е моето семејство“
- Детали
- понеделник, 18 април 2022
„Ова е моето семејство“ – напиша македонската претставничка на Евровизија 2022 до групната фотографија од евровизиските претставници. Андреа на виолетовиот тепих се појави во целосно црн стајлинг со плисирано миди здолниште и кроп-топ, а имаше моќен настап пред тамошната публика.
Во Мадрид викендов (16 и 17 април) се одржа последниот настан од промотивната турнеја на евровизиските претставници, пред настапот во Торино во мај.
На последниот настап од промотивната евровизиска турнеја македонската претставничка Андреа Коевска се појави во ретко женствено издание за неа, со плисирано здолниште и тесна црна маица.
Вкупно 13 претставници од земјите учеснички на годинешниот Евросонг се собраа во Sala La Riviera во Мадрид каде се претставија со песните што годинава ќе ги отпеат на престижниот музички настан.
Објавени се повеќе фотографии на кои Андреа е заедно со украинските претставници на Евровизија, кои годинава важат за фаворити, како и со претставници од други земји.
Андреа објави групна фотографија од учесниците на Евровизија на нејзиниот Инстаграм профил, до која напиша:
„Ова овде е моето семејство. Ве сакам сите.“
Андреа имаше моќен настап пред публиката во Мадрид, а како што може да се види и од видеото, нејзината песна Circles веќе е добро позната меѓу евровизиската публика.
Погледнете го видеото од настапот:
https://www.youtube.com/watch?v=k4xKFelkSYg
Повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело