Македонската шминкерка Фрози Фран со одлична првоаприлска маска – Фиона од „Шрек“
- Детали
- сабота, 02 април 2022
Шминкерката и инфлуенсерка Фросина Ангеловска за овој Први Април се преправи во Фиона – едниот од главните ликови од популарниот анимиран филм „Шрек“.
Фросина Ангеловска е шминкерка, модна дизајнерка и инфлуенсерка која годинава си направи одлична првоаприлска маска.
За Денот на шегата, инфлуенсерката се преправи во Фиона од популарниот анимиран филм „Шрек“.
Со темнозелен фустан, портокалова перика, круна, шминка и зелена боја за тело, Фросина одлично го доловила популарниот лик.
Фросина се пофали со маската на Инстаграм, а сподели и слатка фотографија со нејзиното детенце. На фотката и детенцето е „маскирано“, но Фросина откри дека сепак станува збор за Фотошоп.
„Погодете кој е маскиран а кој фотошопиран“, стои во описот на објавата.
Пред околу две години, Фросина исто така привлече многу внимание кога се преправи во Урсула за Halloween.