Mиа Костова: „Со години се справувам со анксиозноста и паничните напади, но депресијата ме погоди најсилно“

На таа Миа кои 24/7 се бори за Андрија ѝ завидувам сега, затоа што ѝ беше многу тешко, правеше се за Андрија и во ниту еден момент не ми паѓаше на ум да се вратам дома, да се предадам, да си свиркам и да прашам што има денес за ручек.

Толку долго бев силна и мојата најголема психичка криза доаѓа пред две, три години, баш со почетокот на корона пандемијата.

Сакам уште еднаш да повторам дека сè она што можеби звучи како препорака не е тоа, тоа е само што мене ми помогнално, а секој човек поинаку им пристапува на работите и тоа не е нешто што вие треба да го направите.

mia-kostova-so-godini-se-spravuvam-so-anksioznosta-i-panichnite-napadi-no-depresijata-me-pogodi-najsilno-10.jpg

По емотивна агонија од цели 6 години во кои не се чувствував ниту среќна, ниту слободна, емотивна, но во мигот кога почувствував дека можам да одам напред, доживеав втор пубертет.

Полесно се организирав и таа една година пред да почнат карантините почнувам да излегувам до доцна, можеби е тригер и алкохолот и едноставно правев работи кои не одговараат на возраста.

Потоа почнува анксиозноста и една состојба на констатен страв. Ми се потеа рацете, не ми беше пријатно во моето тело и постојачно чувствував дека нешто ќе се случи. Чувството е како да имаат најавено земјотрес во 3:15 часот, а сега е 1:15.

Не знаев од каде доаѓа таа агонија, а во текот на цел ден не можев да кренам од постојано чувство на вознемиреност, неоправдан страв и само сакате да заврши денот затоа што утре ќе биде подобро, а утре никогаш не е подобро.

Тоа траеше година и половина и јас постојано бев во консултација со психилог.

Постојано си велев дека ова ќе заврши и нема да трае вечно.

Отидов во Албанија на ангажман од 90 дена и првпат во животот бев сигурна за мојата финансиска ситуација и за тоа како расте и како ќе расте во тие моменти.

Дури бев и збунета како се промени мојата финансиска ситуација.

Пред крајот на мојот ангажман во Дерми, 25 дена пред да се вратам дома, ми се случи нешто како нервен слом. Не бев оптоварена, немав една мисла на која треба да се фокусирам, сè ми течеше лесно како по вода, немав потреба да го заморувам мозокот со ништо, бев толку многу опуштена на море, што мислам дека оттука ми почнаа сите проблеми. Поддршката од Тијана направи да имам чувство дека јас не треба да мрднам со прст.

Враќањето во Скопје беше почеток на депресивната епизода со анксиозни напади.

Најважно во сите овие психички состојби е да се познавате себеси и да знаете кога нешто не оди како треба. Ако немате поддршка од семејството, мора да имате од стручни луѓе. Разговарајте со некој што ќе ве разбере. Јас можам да познаам кога некој има паничен напад и да му пристапам и да го утешам.

Депресијата почна онака силно некаде околу Нова година, односно пред тоа, некаде декември – период кога немав волја да напуштам кревет. Ми се случуваше 3-4 дена да лежам во кревет, да ги откажам сите состаноци, за да можам само да лежам со денови и да си се дувам со фен. Не ми беше јасно зошто сум таква, тоа ми донесе и 10 килограми плус.

Тоа е една состојба од која многу сакате да излезете, а во истиот период ја доживувате како нормална, односно како епизодна мрза која ќе помине.

Депресијата е многу сериозна состојба и многу пострашна од анксиозноста која носи константна нервоза во текот на денот, а депресијата многу полошо може да прогресира и да ве одведе знаете каде.

View this post on Instagram

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Мојата депресија беше како по книга, односно од сите 15, јас имав 15 симптоми. Јас имам константна поддршка од психолог, бев свесна дека имав проблем.

Уште се справувам со тоа. Сега сум многу подобра од пред 2 месеци.

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Сопругата на Тони Михајловски со емотивна објава: „5 години од дијагнозата канцер, 5 години во грч и... „По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна за...
Aлександра Пилева живее во САД со сопругот и синот (13): „Поминаа 20 години од мојата победа на Макф... „Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции. Немавме ниту еден чове...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg