Модна инфлуенсерка од Прилеп го прослави 27-иот роденден со фотосесија обоена во розово (фото)
- Детали
- четврток, 10 март 2022
„Ти благодарам Боже што ми даде уште една година живот. Ти благодариме за целото искуство во изминатата година“, гласи дел од објавата на нашата модна инфлуенсерка Ксенија Деспотоска.
Ксенија Деспотоска од Прилеп е македонска инфлуенсерка со повеќе од 30.000 следбеници.
На својот Инстаграм профил таа постојано споделува модни комбинации, а сега објави и фотографии од прославата на нејзиниот 27-ми роденден, облечена во розово со розови балони во форма на бројот „27“.
По повод родендеот објави:
„27, не 37. Ги погодив бројките на крајот.
Секоја година истиот опис на сликата.
Ти благодарам Боже што ми даде уште една година живот.
Ти благодарам за сите луѓе кои се сетија на мене денес и ми посакаа добри желби.
Ти благодариме за целото искуство во изминатата година;
за времињата на успех кои секогаш ќе бидат мои среќни спомени,
за времињата на неуспех што ме потсети на мојата сопствена слабост и на мојата потреба за тебе,
за времињата на радост кога сонцето сјаеше,
за времињата на тага што ме водеше до тебе.
Помогни ми во деновите пред мене да ја направам оваа најдобра година досега,
и преку тоа да си ги остварам своите желби, да бидам среќна, здрава и гордост на моите најблиски!