Култни настапи на „Македонски идол“ кои и ден-денес се вистинска атракција (видео)
- Детали
- недела, 13 март 2022
„Признавам јас пред Олга и пред себе...“ - Се сеќавате ли на култните моменти во кои уживавме додека се емитуваше музичкото шоу „Македонски идол“? Верувале или не, поминаа 12 години, а ние ве потсетуваме на некои од највпечатливите кандидати.
Аудициите се одвиваа низ повеќе градови на Македонија, а младите музички таленти добија вистинска шанса да се покажат пред публиката.
Судиите, односно тричленото жири кое одлучуваше за „судбината“ на кандидатите беше составено од маестралната Калиопи и единствените Тони Михајловски и Игор Џамбазов, додека водители беа Иванна Хаџиевска и Ненад Ѓеоргиевски.
На „Српскиот идол“ единствениот наш кандидат кој влезе во финалето и го освои второто место беше Ноне Неделковска, а победата на „Македонскиот идол“ ја однесе гевгеличанецот Иван Раденов кој денес работи и живее во Белград.
Оние кои го прателе ова македонско шоу, веројатно се сеќаваат на неколкуте култни настапи кои и ден-денес знаат да бидат забавни за гледање.
Ништо лично, секој од настапите е уникатен на свој начин и со себе носи една посебна, позитивна енергија.
Во продолжение за вас ги издвојуваме најкултните настапи на „Македонски идол“ кои сѐ уште се вистинска атракција: