Дизајнерката Ива Спасовска го прослави 32-иот роденден со уникатна торта и саканиот до неа (фото)
- Детали
- сабота, 26 февруари 2022
Вљубена и среќна, Ива го прослави роденденот во домашна атмосфера со најсаканите. „Господе ти благодарам за тоа што ги имам овие луѓе до мене и за сите отворени и затворени врати досега“, напиша таа во описот на роденденските фотографии на Инстаграм.
Дизајнерката Ива Спасовска неодамна го прослави својот 32-ри роденден во домашна атмосфера со балони, сијалички и уникатна торта со декорација накит.
Крај неа беше нејзиниот партнер, како и семејството и пријателите.
„Господе ти благодарам за тоа што ги имам овие луѓе до мене и за сите отворени и затворени врати досега, како за сите, така и за мене и моите најблиски давај ни здравје и долг живот, а за другото сами ќе се погрижиме“, напиша Ива во описот на фотографиите.
Потоа дополни:
„Родена сум да му ставам печат на секој миг од мојот живот, ветувам дека и на 94 години ќе сум ИСТА. Ви благодарам на честитките, дупло убавини да ве следат.“
По роденденот, таа замина на патување во Истанбул:
С. С. | Црнобело