Македонската инфлуенсерка Марис во комбинезон со пердуви се венчаше во манастирот Бигорски (фото)
- Детали
- среда, 23 февруари 2022
На најубавото место во Македонија Марија Јовева од Штип, позната како Марис Џолин на Инстаграм, ја овековечи својата љубов со саканиот во уникатна креација и со прстен со раскошен „кралски“ дизајн.
Марија Јовева од Штип, позната како Марис Џолин на Инстаграм, е македонска модна инфлуенсерка со повеќе од 51.000 следбеници на Инстаграм.
Таа со својот партнер извесен период престојуваше во Шведска и најави дека се враќа во Македонија со специјален повод.
Не откри ништо до самиот ден, а всушност стануваше збор за нејзината венчавка.
Вчера (22.02.2022) таа ја круниса својата долгогодишна љубов во манастирот Бигорски, а за оваа пригода облече бел комбинезон со пердуви во горниот дел и бела долга бунда. За овој датум се вели дека е специјален поради секвенцата 222.
Прославата продолжи во еден локал со музика и многу насмеани лица. Марија како и секогаш ведра и со насмевка, покрај саканиот.
На нејзината рака блескаше раскошен свадбен прстен со уникатен дизајн.
Младоженецот беше елегантен во класичен костум, надополнет со интересен детаљ - црвени чорапи.
Фотографии од нејзиниот свадбен ден, oд Инстаграм Стори на нејзиниот профил:
С. С. | Црнобело