Пар од Пакистан ја посети Македонија: „Ќебапчиња во чаршија, пештерата Врело – уживавме во вашиот главен град“
- Детали
- среда, 16 февруари 2022
Пар со потекло од Пакистан, кој живее во САД, ја посети Македонија. За CRNOBELO.com Шафак и Ариф ги споделуваат впечатоците. „Си поминавме прекрасно и навистина уживавме во истражување на вашиот главен град...“, велат тие.
Шафак (26) и нејзиниот сопруг Ариф (28) потекнуваат од Хунза, Пакистан и велат дека помеѓу нивната земја и Македонците има поврзаност, и дека владетелот на Хунза бил поканет и ја посетил Македонија околу 2012-та година.
Во Македонија тие престојуваа една седмица, а во Европа допатувале од Орландо, Флорида и сакаат да го истражуваат цел континент и да посетат што е можно повеќе земји.
Македонија на фотографиите им изгледала како убава земја со микс на култури, па сакале да ја посетат и да ги запознаат луѓето тука.
За престојот во Македонија за CRNOBELO.com велат:
„Си поминавме прекрасно и навистина уживавме во истражување на природата околу главниот град во вашата земја, но и во прошетките низ Скопје.“
Скопје низ објективот на парот од Пакистан:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело