„Ќерче да си имаш, сè си имаш“ - Сара Мејс и Димитар Атанасовски на зимување на Златибор (фото)
- Детали
- среда, 02 февруари 2022
„Нема поубаво од тоа да си дете и да спиеш по пат“, напиша Сара Мејс во описот на фотографијата каде нејзината ќеркичка Илина спие во автомобилот на пат кон Златибор, каде уживаат во снегот, зимските игри и СПА релаксација.
Сара Мејс, кратко откако објави дека со Димитар Атанасовски очекуваат принова, семејно со него и со ќеркичката Илина отпатува на зимување во Златибор.
Таа сподели фотографија на која малата Илина спие во автомобилот на патот кон ски центарот во Србија и напиша:
„Нема поубаво од тоа да си дете и да спиеш по пат.“
Потоа сподели неколку фотографии од хотелот каде престојуваат, како и од снежната атмосфера во Златибор.
„Ќерче да си имаш, сè си имаш“, порача таа оттаму.
Фотографии од нивниот престој таму:
С. С. | Црнобело