Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Локал со душа: На турски чај во Старата чаршија - ќе ви донесат и трилече од соседната слаткарница (фото)

Ниски столчиња прекриени со чергички, наредени на калдрмата во Старата скопска чаршија, плус турски чај сервиран со насмевка и со превкусно трилече од соседната слаткарница... Уште едно местенце со душа во Скопје.

lokal-so-dusha-na-turski-chaj-vo-starata-charshija-kje-vi-donesat-i-trileche-od-sosednata-slatkarnica-foto-01.jpg

Старата чаршија е секогаш добра идеја, особено во поубави денови, зарем не?

Калдрмата, традицијата, уникатниот шарм што го има се мевлем за срце.

Еден од малите локали кои се дел од душата на чаршијата е чајиџилницата „Лачи“, каде ќе добиете вкусен турски чај сервиран со насмевка, а харизматичните вработени без проблем ќе ви донесат дури и парче трилече од слаткарницата од спротивната страна, со која ги дели само тесната калдрма.

Покрај чај, тука ќе се напиете и одлично турско кафе сервирано на традиционален начин.

Со мали столчиња, черги, цвеќе, овој локал дефинитивно има посебен шмек.

На социјалните мрежи нема многу фотографии оттаму за да ви ја доловиме атмосферата, но и преку овие неколку можеби ќе успееме да ви го пренесеме шармот на ова место.

lokal-so-dusha-na-turski-chaj-vo-starata-charshija-kje-vi-donesat-i-trileche-od-sosednata-slatkarnica-foto-03.jpgфото: Инстаграм Катерина

lokal-so-dusha-na-turski-chaj-vo-starata-charshija-kje-vi-donesat-i-trileche-od-sosednata-slatkarnica-foto-02.jpgфото: Инстаграм Катерина

Прочитајте и Кафуле во Старата скопска чаршија го служи кафето во кокос - уникатно доживување (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Жарко Димоски со сопругата и синот ужива во Дубаи, во хотел со кралски третман и со личен батлер (фо... Од раскошен ентериер со златни детали до неверојатен поглед, Жарко со саканата А...
Крива Паланка е сцена од празнична бајка во пресрет на 2025-та (фото) И додека Скопје уште го чека новогодишното китење, Крива Паланка блесна во полн ...
Битолчанецот Константин ја запроси Ирена на 125-тиот кат од Бурџ Халифа во Дубаи (фото) „Патувањето во Дубаи ни беше планирано за почетокот на декември, за да го просла...
Тамара и Тијана ѝ го прославија роденденот на мајка им - со торта со внуците и тон љубов (фото) „Љубовта од семејството е најголемиот благослов“ напиша Тамара Тодевска во описо...
Ќерката на Иван Јованов ќе полни 1 година, пејачот и сопругата ѝ направија слатка фотосесија (видео) Ниа, облечена во розово, со две мали „кики“ седи покрај тортата, гризе залак со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg