Туна Сејдиу со прекрасната мајка, Адријан Гаџа со милениците: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- вторник, 01 февруари 2022
Каратистката Пулексенија Јовановска уште еднаш покажа дека е една од најубавите познати Македонки, Миа Костова со црна периика на себе е доказ дека на нејзиниот облик на лице прилега секоја фризура, а пак Адријан Гаџа откри од каде се полни со позитивна енергија.
Игор Џамбазов му оддаде последна почит на својот татко Александар Џамбазов, големиот македонски диригент и композитор за кого сите имаат само зборови полни љубов.
Туна Сејдиу уживаше во друштво на своите деца и нејзината мајка - убавица, од која се гледа дека го наследила изгледот.
Елена Стефановска најави дека во лето ќе прави свадба, а пак Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска повторно во фокусот ги ставија своите модни комбинации.