„Те сакам, среќо моја!“ - Актерката од Македонски народни приказни го прослави 1-иот роденден на ќеркичката

„Пред да се роди Ева бев во паника дека ништо не знам, но тоа трае до моментот кога ќе го земете бебето во раце, тогаш наеднаш сè знаете. Го носите под срцето 9 месеци, поврзаноста е нешто свето...“, вели актерката Ирена Илиевска (31) за CRNOBELO.com, која денес го слави првиот роденден на ќеркичката.

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-01.jpgфото: Фејсбук Ирена Илиевска

Ирена Илиевска (31) од Скопје е актерка во театарот во Гостивар, која работи и на синхронизација на турските серии во Канал 5 телевизија, но сепак најмногу ја препознаваме како убавата мома од Македонските народни приказни, иако тие не се снимаат веќе 4 години.

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-03.jpg

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-04.jpg

Таа минатата година се реализираше во улогата на мајка, а денес (26.01) по повод првиот роденден на нејзината ќерка објави прекрасни фотографии со неа и емотивна посвета.

Нејзината објава гласи:

„Една година нов живот!
Заедно растеме, заедно дишиме! Насмевки, прегратки, љубов и среќа.

Среќен роденден јагне мое!
Да ми се движиш лесно низ животот, со среќичка во секој чекор. Да си ми жива и здрава.
Таа насмевка, радост што носи, никогаш да не ја симнеш од лицето. И да не се грижиш за ништо, зашто мама е секогаш покрај тебе. Твоите грижи се мои грижи. Твоите битки се мои битки. Мојот живот е твој живот.

Ќе бидам твојата најсилна потпора. Никогаш нема да бидеш сама. Секогаш и за се ја имаш мама!
Те сакам, среќо моја!“

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-06.jpg

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-05.jpg

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-11.jpg

За мајчинството и за нејзината ќерќичка, Ирена за CRNOBELO.com вели:

„Минатата 2021-ва година ми исполни 2 големи желби, а тоа е вработувањето во театар и најубавата желба, а тоа е мојата ќеркичка Ева. Мајчинството ме промени од корен, во позитивна смисла.

Нов живот, нови обврски, нов центар на светот. Станувањето мајка е најголемата и најтешката улога во животот. Одговорност, радост, грижи... Сè на едно место. Но, одлично се снајдов.

Пред да се роди Ева бев во паника дека ништо не знам, но тоа трае до моментот кога ќе го земете бебето во раце, тогаш наеднаш сè знаете. Го носите под срцето 9 месеци, поврзаноста е нешто свето, кое не може да се објасни со зборови, туку може само да се почувствува.“

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-08.jpg

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-10.jpg

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-02.jpg

te-sakam-srekjo-moja-ubavicata-od-makedonski-narodni-prikazni-go-proslavi-1-iot-rodenden-na-kjerkichkata-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg