Емотивна исповед на пејачката Елена Петреска: „Ја изгубив целата самодоверба, настапи анксиозноста“

„Чувство дека ништо не заслужувам, дека сите се подобри од мене, чувство дека не сум достојна никој да ми подаде рака, е тоа ме понесе на најниската фреквенција во животот. Не знаете колку е тешко да излезете пред светот глумејќи дека сè е во ред, а во себе водите борба …“, е дел од емотивната исповед на пејачката Елена Петреска.

emotivna-ispoved-na-elena-petreska-ja-izgubiv-celata-samodoverba-nastapi-anksioznosta-01.jpg

Елена Петреска е активна на македонската музичка сцена многу одамна, но во последно време таа малку се повлече, а сега и во искрена исповед на нејзиниот Фејсбук профил откри која е причината за тоа.

„Симни ми ѕвезди“, „Не гледај назад“, „Маска“ се дел од нејзините најпознати песни.

Нејзината исповед зошто повеќе не снима песни како порано:

„Медиумската експонираност и изложеноста под лупа од јавноста, воспоставување спогодба со сечиј коментар, поистоветување со сечие мислење ме направи толку несигурна во себе и ја изгубив целата самодоверба до толку што за секој тон што ќе го испеев, за секое мое појавување на ТВ чувствував огромен притисок и постојано го слушав критичарот во мене. Тој лошиот критичар, едно гласче кое постојано како расипана лента вртеше во мене и го исцица и последното атомче на самодоверба.

Чувство дека ништо не заслужувам, дека сите се подобри од мене, чувство дека не сум достојна никој да ми подаде рака, е тоа ме понесе на најниската фреквенција во животот.

View this post on Instagram

A post shared by Elena Petreska (@elenapetreska___)

Тука настапи незадоволството, анксиозноста, несоницата, прејадувањето … тој магичен круг во кој се вртев со години.

Не знаете колку е тешко да излезете пред светот глумејќи дека сè е во ред, а во себе водите борба, борба во која веќе не е битно како ќе изгледаш, како ќе отпееш, кои зборови ќе ги одбереш, туку страв да не се срушиш додека го правиш тоа, па сите да ѕирнат во вистината. Онаа вистина во која ти си само човек скршен од сопствената реалност, онаа реалност која е проекција од твојата глава создадена во моментот кога одлучуваш туѓото мислење да биде твоја вистина.

Со години прифаќав сè што ќе ми се понуди, дали е добро за мене или не, беше небитно … Битно беше јас да не кажам НЕ за да не повредам нечија суета и со тоа не се допаднам некому.

View this post on Instagram

A post shared by Elena Petreska (@elenapetreska___)

Па така, знаев да прифатам да пеам и песни што не ми се допаѓаа, песни што не ги чувствував, излегував на сцена да излажам некого да ја сака мојата песна, а ни сама не си ја сакав, но битно никој не беше навреден, автори задоволни, место на фестивал пополнето, сите новинари испочитувани, само мојата душа тажна …

Еднаш прочитав, каков човек си ти ако на сите угодиш освен на сопствената душа? И добра ли бев јас? НЕ, бев најлошиот непријател на самата себе! Можам отворено и со чисто срце да го потврдам тоа, без срам како ќе ме разберете. Зошто веќе не ми е битно дали некој ме разбира.

Сакам и до утре да пишувам, да си ја отворам душата, но ќе сумирам тука.

Не седете во својата комфорна зона грижејќи се кој што ќе каже, не се мислете дали да го направите нештото за кое сонувате зошто другите ви кажуваат милион причини зошто да не го направите, не ја гледајте во огледало најлошата верзија од себе! Гушнете ја својата душа, прашајте ја што сака, таа ги има сите одговори, а вие само препуштете се на водството!

Да живее музиката, да живее блузот кој ми е во душа!“

Mediumskata eksponiranost i izlozenosta pod lupa od javnosta, vospostavuvanje spogodba so secij komentar,...

Posted by Elena Petreska on Monday, January 17, 2022

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна објава на татко на близнаци од Скопје: „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас“ „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас. За малку ќе потклекневме пред ...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Елена Ристеска разиграна и енергична на настап во Скопје (фото) Разиграна и полна со енергија, Елена Ристеска блесна на сцената во еден скопски ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg