„Сè си мислам некој ми го чепкал телефонот“ - Атанас Атанасовски со хит фотки направени од синчето во Маврово (фото)
- Детали
- понеделник, 17 јануари 2022
Синот на Атанас си ги сликал ноџињата, снимал видеа и си направил дури и селфи... Веруваме сите родители имаат вакви слатки „уметнички дела“ од своите најмали. Актерот периодов ужива во Маврово со сопругата, синот Павле и ќеркичката Една.
Актерот Атанас Атанасовски не споделува многу детали од приватноста, но деновиве сподели фотографии кои неговото синче ги направило за време на нивниот семеен престој во Маврово.
На фотографиите малиот Павле го земал телефонот на татко си и си направил неколку фотографии од своите ноџиња, па неколку видеа и селфи.
„Сѐ си мислам дека некој ми го чепкал телефонот…“, се пошегува Атанас.
Атанас ужива во мавровската снежна идила со сопругата Александра и синот Павле и ќеркичката Една.
Александра е многу блиска пријателка со Тамара Тодевска и Катарина Ивановска и неретко споделува фотографии од нивните заеднички дружби.
Неговата сопруга сподели фотографии од престојот во Маврово:
Повеќе фотографии од семејството на Атанас:
С. С. | Црнобело