„Македонија ова е за тебе“ - Момче од САД го обожава Балканот и пее песни на македонски јазик (видео)
- Детали
- четврток, 13 јануари 2022
„Јовано Јованке“, „Црно и бело“ се само дел од нашите песни кои момче од САД ги пее на македонски јазик. Калиопи воодушевена од неговата изведба на „Црно и бело“ направи потег за поздрав. Браво за харизматичниот Американец!
Џастис Ридс е момче родено во САД, кое вели дека цел живот знаел само англиски јазик и не ни знаел каде е Балканот, но откако со едно видео станал вирален хит продолжил да снима видеа за луѓето на Балканот, затоа што и најголемиот број на следбеници на неговиот ТикТок профил сега му се токму од таму.
Тој пее песни од Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, а од пред извесен период, по барање на фан, почнал да пее и македонски песни.
@justus_reid Reply to @macedoniafor.ever you guys got to help me out? #macedonia #balkan ♬ original sound - Justus Reid
Вели дека иако пред помалку од една година воопшто не знаел каде е Балканот, сега е многу емотивно врзан за него.
@justus_reid TF is this guy anyway? #balkan #serbia #slovenia #croatia #bosnia #yugo ♬ original sound - Justus Reid
„Јовано Јованке“ е само една од македонските песни кои ги има отпеано, а последната во низата му е „Црно и бело“ на Калиопи.
@justus_reid Reply to @djokoblazhevski how did I do? #macedonia #balkan ♬ original sound - Justus Reid
Калиопи воодушевена од неговиот потег сними видео каде пее паралелно со него и на нејзиниот профил сподели:
„Ова видео од ТикТок профилот на еден млад Американец дојде до мене пред два дена, благодарение на моите фанови. Ми се допаѓа неговата изведба на „Црно и бело“, толку многу што се одлучив за дует опција на неговата објава.
Видеото предизвика лавина од лајкови и коментари, што не очекував затоа што ретко корстам ТикТок.
Но, тоа што гледам дека ви се допадна, можеби ќе ме натера да се активирам на оваа платформа малку повеќе и поинаку.
А кога станува збор за мојата евровизиска песна „Црно и бело“, ова уште еднаш ми докажа дека е планетарен хит и дека Ромео Грил беше во право кога во Баку, една седмица пред мојот настап на Евровизија, одлучи да ја пеам целата песна на македонски.
И на тој начин „Црно и бело“ стана историја.“
@justus_reid Do you remember this song? #macedonia ♬ original sound - Justus Reid