Носталгија по едно минато време: Како изгледаше претпразничната атмосфера во Скопје пред 37 години? (видео)
- Детали
- петок, 17 декември 2021
Тезги со новогодишни честитки, новогодишни шапки, балони, толпа народ низ улиците - вака во минатото изгледаа македонските градови во предновогодишната атмосфера. Деновиве вирално се шири видео од Старо Скопје во 1984-тата година, што совршено го прикажува ова време.
На Фејсбук групата Стари Скопјани објавено е видео од предновогодишната атмосфера во главниот град на државата во 1984-тата година, односно пред 37 години.
Тезги со новогодишни честитки, балони, новогодишни капи, новогодишни декорации…
Реки народ што се собираат на Плоштадот „Македонија“ и во центарот на градот. Полни кафеани, полни чајџилници и ресторани…
Видеото досега има собрано над 1.200 лајкови, а голем број од оние што го погледнаа видеото коментираат дека ги потсети на едно минато време, но и на спомените од деството кога картонските новогодишни шапки беа задолжителни, а најголема радост беше да се избираат шарени новогодишни честитки и да се праќаат на најблиските.
Кликнете ТУКА за да го погледнете видеото.
Б. С. Б. | Црнобело