Зои Блаж за акните на лицето: „Веќе не ми е грижа кога некој ќе ми искоментира ‘Што ти е со лицето’?

„Му благодарам на мојот сакан Тадеј кој секојдневно ми кажуваше колку сум убава без шминка, иако имав проблем со лицето...“, гласи дел од објавата на Зои Блаж.

zoi-blazh-za-aknite-na-liceto-vekje-ne-mi-e-grizha-koga-nekoj-kje-mi-iskomentira-nekoj-shto-ti-e-so-liceto-01.jpgфото: Антонио Станков

Зои Блаж е една од оние девојки во Македонија кои отворено говорат за проблемите со своето лице.

Таа уште на почетокот од годинава објави фотографија на која нема ниту грам шминка на себе, а сега повторно го стори истото со порака до сите девојки кои се соочуваат со ваков проблем.

Инаку, Зои Блаж е шминкерка и пејачка која на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 23.000 следбеници, постојано прикажува каква моќ на трансформација има шминката.

Исповедта на Зои:

„Многу е лесно да се нашминкаме и да изгледаме совршено, но тоа не секогаш е и најдобро. Јас пред 3 години собрав храброст да го споделам мојот проблем со сите вас, благодарение на луѓето околу мене, на моето семејство, на мојот Тадеј кои секојдневно ми кажуваа колку сум убава без шминка иако имав проблем со лицето.

Самодовербата почна да расте сè повеќе, собрав храброст и излегов на улица онаква каква што сум и за првпат се чувствував убаво, не ми беше гајле дали некој ме гледа лошо, дали ќе ми искоментира некој - ШТО ТИ Е СО ЛИЦЕТО?

Знаете зошто? Бидејќи надворешниот изглед е менлив, секој може со шминка да ги скрие несовршеностите, но душата, човештвото и пораката што ја пренесуваме е најважна.
Сакајте се и со несовршеностите, сакајте се вистински, ширете љубов. Убави сме и кога не сме со шминка.

Ѝ благодарам на Нина Ред што собра храброст да се покаже во вистинско светло со крената глава и што ме предизвика.

Јас ве предизвикувам сите што имаме таков или сличен проблем да излезете без шминка надвор, да се сликате такви какви што сте , бидејќи сите сме УБАВИ.

Јас сум ова денес благодарение на вас, што ме пратите, ми давате инспирација, ми верувате и секојдневно што ме подржувате во мојата работа , Ве Сакам!“

View this post on Instagram

A post shared by Zoi Blaz Official Matijasic (@zoi.blaz)

Повеќе фотки од Зои:

View this post on Instagram

A post shared by Zoi Blaz Official Matijasic (@zoi.blaz)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Зои Блаж со видео откри дека е бремена - Со ракометарот Тадеј живеат во планинско германско гратче Македонската инфлуенсерка со сопругот Тадеј, ракометар од Словенија, живее во ма...
Миа Костова на плажа со -17kg: „Веќе не го кријам стомакот, а стриите се на Андрија“ „Излегов од зона на криење стомак, а стриите се на Андрија и ги обожавам“ – Миа ...
Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...
„Мојата дупла среќичка“ - Марко Новески објави прва фотка со близначињата во раце Новородените близначиња Веда и Вања во прегратка кај тато - водителот Марко Нове...
Негрижата на властите - ризик по здравјето на децата! Во нашиот главен град Скопје и во неколку други градови во државата, квалитетот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg