Македонската Барби сосема гола, исцртана со бои - вистинско ремек дело (фото)
- Детали
- понеделник, 13 декември 2021
Поради долгите нозе и русата коса Калтрина го носи прекарот македонска Барби. Сега, таа позираше во смело издание, повпечатлива од кога било.
Во МКЦ од 10-ти декември е отворена изложбата „Метаморфоза“ на уметникот Бојан Ковски, каде во фокусот е боди-арт техниката.
Меѓу неговите модели се најдоа и актерката Ана Стојановска и македонската Барби – инфлуенсерката и професорка Калтрина.
Калтрина позираше сосема гола со розова перика на себе, исцртана по телото.
„Ти благодарам Ковски. Толку сум почестена и среќна што сум дел од твојот последен проект Метаморфоза. Тоа беше навистина уникатно искуство“, напиша таа во описот на фотографиите од изложбата.
Таа направи и фотосесија во ова издание со нејзиниот соработник, фотографот Бојан Стоилковски.
Македонската Барби во уникатно издание:
С. С. | Црнобело