Девојка од Саудиска Арабија, што патува низ светот, ја посети и Македонија – кои ѝ се впечатоците?
- Детали
- петок, 03 декември 2021
„Во Македонија нема Убер“ е еден од заклучоците на Дида Фара. „Посетата на Скопје ми даде поразлично чувство од кој било друг град што сум го посетила на Балканот...“, раскажува таа.
Дида Фара е девојка од Саудиска Арабија, која живее во Канада, но најголемиот дел од времето го минува во патување низ разни земји во светот.
Од Француска Полинезија до Бора Бора, на нејзината листа на посетени дестинации има навистина спектакуларни места.
Дида ја посетила и Македонија изминатото лето. Во Скопје најсилен впечаток ѝ оставила Старата скопска чаршија, Кале и центарот, а во Охрид ја воодушевила црквата Свети Јован Канео.
„Посетата на Скопје ми даде поразлично чувство од кој било друг град што сум го посетила на Балканот. Ова е интересен град. Има свој уникатен и автентичен шарм и вибрации. Едната страна од градот изгледа како враќање назад во времето, а другата страна изгледа како да сте стапнале во модерен, богат град. Наоколу ќе сретнете шармантни градби со преку 100 статуи, па антички руини и Старата чаршија.
Тоа е неверојатно искуство кое може да го почувствувате за само еден час пешачење. Скопје е неверојатен град.“
Потоа таа за Охрид вели:
„Разгледници од Охрид. Како може да е вака убаво? Во мигот штом стапнав во Охрид бев занемена од убавината на ова место. Погледнете ја оваа убавина...
Македонија станува туристичка дестинација, но уште не е допрена од масовниот туризам. Топло ви препорачувам да ја ставите на вашата листа.“
На својот Инстаграм профил Дида објави и забавни факти за Македонија:
- Во државата има 2 аеродроми.
- Граничи со 5 соседи.
- Мајка Тереза е Македонка, родена е во Скопје. Денес, има музеј посветен на неа во Скопје.
- Територијата на Македонија е 85% планини.
- Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа.
- Македонија има град со 365 цркви.
- Македонија е дом на вториот најдобар крст во Европа (се мисли на Милениумскиот крст на Водно).
- Во Македонија нема Убер.
- Македонија се осамостоила од Југославија, без да падне ниту една капка крв во 1991 година.
Скопје
https://www.instagram.com/p/CQMBjBplBMw/
Охрид