Бојана Скендеровски прослави 6 години брак, Илина Арсова помага на луѓе од кризни подрачја: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 15 ноември 2021
Илина Арсова помагаше на луѓе од кризни подрачја и напиша: „Социјалните медиуми најчесто се користат за прикажување на најдобрата верзија од себеси и креирање на еден нереален свет. Филтри, шминка, по некое „случајно“ деколте... Не ги објавуваме несреќните селфиња, ретко ги споделуваме моментите на тага, измислените проблеми и извори за депресија...“
Бојана Скендеровски со фотографија пред и потоа прослави годишнината од брак и напиша „6 години успешна приказна… Во љубовта е клучот.“
Лина Пејовска вели „и болна сум убава“, а пак Влатко Лозаноски имаше настап за своите верни фанови.
Илина Арсова помагаше на луѓе од кризни подрачја и напиша:
„Социјалните медиуми најчесто се користат за прикажување на најдобрата верзија од себеси и креирање на еден нереален свет. Филтри, шминка, по некое „случајно“ деколте... Не ги објавуваме несреќните селфиња, ретко ги споделуваме моментите на тага, измислените проблеми и извори за депресија.
Последниве две недели, јас одблизу се запознав со една поинаква реалност.
Работев како волонтер на програмата на @andreabasecamp преку која организиравме качување, ликовни работилници и едукативни часови за луѓето од кризни подрачја. Овие несреќни души загубиле сè што имале. Ги напуштиле своите домови во потрага по слобода и подобро утре, неизвесни за својот живот до последен момент.
Тие ништо не погрешиле освен што се родиле во лошо време и на лошо место. Каде не владеат основни човекови права и нивниот живот не се смета за вреден.
Овие денови се потрудивме да им понудиме забава преку спорт, во што навистина уживаа и покажаа неверојатни вештини.
Нивните насмевки се бесценети и за нас вредни до небото и назад.
Ако прочитавте до тука, се надевам дека барем малку повеќе ќе го цените она што го имате на сметка на она што го немате.
Мене ова искуство ме научи дека уште повеќе треба да го сакаме животот и слободата што ја уживаме секој ден.
Да поттикнеме емпатија и солидарност кон помалку среќните и помалку имотните.
На светот му фалат љубов и насмевки. И двете се бесплатни и му следуваат секому.“
Што правеа македонските ѕвезди деновиве?
Влатко Лозаноски
Бојана Скендеровски
https://www.instagram.com/p/CWQeCUxsq3e/
https://www.instagram.com/p/CVfkvxqMqkf/
Снеже Велков
Елена Ристеска
Тамара Тодевска
Сара Мејс
Илина Арсова