Една од најфит мајките во Македонија - вежбала и 10 дена пред породување
- Детали
- понеделник, 08 ноември 2021
„Во ваква состојба кога мотивацијата ја убиваат неспиените ноќи, заморот и неорганизираните оброци (најчесто еден или два), потребно е да се создаде нов пат и нови навики...“, вели персоналниот тренер Бранко Десовски.
Бранко Десовски е професор по физичка култура, кој повеќе од 20 години е персонален тренер. Неговата сопруга Елена исто така е вљубеник во вежбањето.
Таа дефинитивно е една од најфит мајките во Македонија.
Бранко открива дека вежбала и 10 дена пред породувањето.
За тоа како изгледал целокупниот процес Бранко вели:
„Ова се сликите од нашиот септемвриски одмор и споредбеното КАН ЏИМ видео, точно после 6 месеци од породувањето на Елена.
Искрено, одличниот визуелен резултат од 4 месечната постпартум тренинг програма, ги прикрива сите падови и подеми, емоционални и ментални промени со кои Елена како и секоја друга жена се соочува после породувањето.
Во ваква состојба кога мотивацијата ја убиваат неспиените ноќи, заморот и неорганизираните оброци (најчесто еден или два), истата е нефункционална и непредвидлива. Затоа потребно е да се создаде нов пат и нови навики.
Во однос на физичката активност, изминативе 12 години ја создаваме посакуваната телесна форма на Елена. Процес кој продолжи со 9-те месеци адаптирани тренинзи во бременоста, заедно со овие 6 програмирани месеци од денот кога се роди Бела.
Елена има целосна доверба во современите методи кои го користат исклучиво тежинскиот тренинг поради неговата адаптабилност, оптимизација, префинето дозирање, изолиран мускулен стимул и селекција на вежби што овозможува непречена физичка активност низ целиот период. Притоа со огромна ефективност (30 минутен тренинг, 4 пати неделно) која ја подржи нејзината моментална телесна форма.
Се согласувам дека воопшто не е едноставно. Сведок сум дека новата мајка тешко може да најде време за себе.
Затоа, кога се работи за телесна форма, а временски и енергетски сте ограничени, правете го она што дава најмногу ефект со најкраток тренинг и најнизок интензитет. Само така ќе се чувствувате убаво и комотно, а воедно ќе добиете резултат кој ќе може да го одржите.
Добрата вест е дека ТЕЛОТО НЕ ВИ СЕ УНИШТУВА ПОСЛЕ БРЕМЕНОСТА. Адаптирајте се на новото секојдневие. Преку соодветна физичка активност, правилно организирајте го слободното време и ќе ја овозможите потребната нега за да го создадете вашето СИЛНО и ФИТ женско тело!“
С. С. | Црнобело