Русинка, омажена во Македонија, ја доловува есенската идила во Градскиот парк
- Детали
- вторник, 19 октомври 2021
Руска блогерка за патувања е воодушевена од атмосферата и златестите есенски нијанси на Градскиот парк во Скопје и на совршен начин ја доловува неговата убавина преку фотки.
Оља е Русинка омажена во Македонија која има повеќе од 3.700 следбеници на својот Инстаграм профил, каде постојано споделува фотки од своите патувања.
Моментално таа престојува во Чикаго и вели дека тоа дефинитивно ѝ е омилениот град во САД.
Оља досега има посетено 69 земји низ светот, но во последно време на својот Инстаграм профил најмногу е концентрирана на промовирање на убавините на Македонија, родната земја на нејзиниот сакан, која сега ѝ е дом.
Таа живее во Скопје, а омилено место од нашиот главен град ѝ е Градскиот парк, особено во овој есенски период кога е обоен во најубавите златести нијанси.
Оља со совршени фотки ја долови убавината на Градскиот парк, кој со задоволство може да кажеме дека е срцето на Скопје.
Градскиот парк доловен преку фотките на Оља:
С. С. | Црнобело