Каролина Гочева објави совршени фотографии од одморот во Турција со сопругот
- Детали
- четврток, 07 октомври 2021
Нашата пејачка Каролина Гочева и нејзниот сопруг Михаил Корубин овој сепетември ја прославија четвртата годишнина од бракот. Таа сподели повеќе фотографии на нејзиниот Инстаграм профил од одморот во Турција.
Каролина Гочева (41) и нејзиниот сопруг Михаил Корубин (35) одлучија топлото време во септември да го поминат во Турција. Тие двајцата стапија во брак во септември 2017-та година и годинава ја прославија својата 4-та годишнина од бракот.
Покрај повеќето други фотографии таа објави фотографија на која е заедно со нејзиниот сопруг, а забележително е дека е во сосема природно издание и на лицето нема ниту грам шминка.
Каролина редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, на кои речиси секогаш изгледа префинето, модерно и одмерено.
Погледнете ги фотографиите во продолжение:
Прочитајте и Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин уживаат на одмор во Грција (фото)
Б. С. Б. | Црнобело