Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин уживаат на одмор во Грција (фото)
- Детали
- вторник, 27 јули 2021
Романтична вечера и прошетки низ старата чаршија... Нашата пејачка Каролина Гочева летово одлучи заедно со сопругот Михаил Корубин одморот да го помине во Грција, односно на островот Крф.
Таа на Инстаграм објави повеќе фотографии од одморот, а на една од нив се најде и нејзиниот сопруг Михаил Корубин.
Од она што може да се забележи на фотографиите Каролина и Михаил уживале во романтични вечери, на плажа, но и секако во прошетките низ старите улички во Стариот Град.
Каролина е позната по тоа што мошне ретко споделува детали од нејзиниот приватен живот, па така и во овие фотографии забележително е дека со своите следбеници сака да ги сподели убавините што ги видела.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело