Откриен идентитетот на мистичниот Аквамен од Скопски маратон 2021 (фото)
- Детали
- четврток, 07 октомври 2021
Го споредуваат со Џејсон Момоа, беше најзабавниот лик на Скопски маратон - кој е македонскиот Аквамен? За CRNOBELO.com 30-годишниот скопјанец, кој работи како QA инженер, открива од каде идејата за Аквамен... Има трчано и како Супермен и Спајдермен.
Фото: Мирче Котевски / Фото: Боби Кузманоски
Скопски маратон 2021 мина во прекрасна атмосфера, а еден од највпечатливите учесници на настанот беше македонскиот Аквамен.
Дечко облечен како славниот суперхерој трчаше на полумаратонот од 21 километар.
Навистина нè заинтригира кој е овој креативен и забавен дечко, па дознавме дека станува збор за 30-годишниот Христијан Проданов од Скопје, по професија QA инженер, а чие омилено хоби е музиката.
https://www.instagram.com/p/Bmsh2vBlxT-/
Тој не е професионален атлетичар, туку за забава трча на маратоните низ Македонија. Идејата да трча со костим му дошла во 2018, заради тоа што му требало мотивација од публиката да го истрча својот прв полумаратон, за кој воопшто не се подготвувал.
Христијан открива дека идејата за Аквамен годинава му дошла по многубројните коментари за сличноста во изгледот со популарниот актер Џејсон Момоа, кој го глуми ликот во истоимениот филм.
За CRNOBELO.com Христијан кусо вели:
„Целта со костимот е исполнета, луѓето се забавуваа во моментите кога ќе ме здогледаа низ улиците на Скопје, тоа и ми беше идејата. Нормално имаше и такви на кои не им се допадна баш оваа идеја, но тие ги прескокнуваме и не им обрнуваме многу внимание.“
Повеќе фотки од македонскиот Аквамен:
Posted by Bobi Kuzmanoski on Sunday, October 3, 2021