„Те сакам, супер-жено моја“ - Илина Арсова освои еден од најтешките врвови во Јужна Америка, Игор Џамбазов горд на неа

„Те сакам супер-жено моја“ – Со овие зборови Игор Џамбазов ѝ честиташе на својата девојка Илина Арсова за најновиот успех, откако таа успеа да освои уште еден врв во Еквадор.

ilina-se-iskachi-na-vrvot-igor-gord-na-nea-te-sakam-super-zheno-moja-01.jpg

Нашата најпозната планинарка Илина Арсова деновиве е во Еквадор. Таа се искачи на врвот Ариста Санта Барбара (5.790m) и оттаму сподели видео на Инстаграм во кое нејзините следбеници може да видат како изгледа изгрејсонцето од овој врв во Еквадор.

„Добро утро“ – напиша таа во описот на видеото.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Веднаш по овој нејзин подвиг на социјалните мрежи се огласи и нејзиниот партнер Игор Џамбазов, кој не ја криеше гордоста за нејзиниот успех:

„Пред неколку часа, Илина се искачи на врвот Arista Santa Barbara, 5.790 метри, еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка. Те сакам, супер-жено моја...“ – напиша тој до објавата.

Инаку, Илина во последниот период престојува во Еквадор, каде ужива во искачувањето на височините и во планинските врвови.

Таа во повеќе наврати на Инстаграм објавуваше фотографии и видеа од нејзините најнови подвизи:

„Височините од секогаш ми биле предизвик, место каде што сум среќна и целосно исполнета. После мала пауза повторно таму, посилна од било кога, целосно посветена, овојпат не заради национален предизвик, туку заради самата себе“ – напиша таа меѓу другото.

Инаку, Илина Арсова е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антарктик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

Дополнително, Илина во 2006-тата година го искачила Монблан, а во 2013-тата година стана првата жена од Македонија што го искачила Монт Еверест.

Погледнете уште неколку фотографии и видеа што таа ги објави од Еквадор:

Прочитајте и Илина Арсова во Еквадор се искачува на еден од највисоките активни вулкани во светот (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg