Дарко Влогс и Даниела стапија во брак на плажа на Хаваи: „Готово, моја е“
- Детали
- сабота, 21 август 2021
„Свадба е голема... Денес се женам“ – сподели со своите обожаватели најпознатиот македонски камионџија Дарко Влогс, кој на плажа на Хаваи стапи во брак со неговата девојка Даниела Станковска.
Најпознатиот македонски камионџија по подолг одмор во Грција и Македонија во моментов е на Хаваи заедно со неговата девојка Даниела, а оттаму објави видео во кое сподели со своите следбеници како изгледал најубавиот ден во нивните животи.
„Свадба е голема Дарко и Бебо Влогс. 20.08. 2021“ - напиша тој до видеото.
„Епа дечки денес се женам...“ – го започнува Дарко видеото...
Тие со своите следбеници споделија само кратки мигови од тоа како изгледал денот кога стапиле во брак, а за крај имавме можност и да видиме фотографија каде и двајцата имаат идентични тетоважи со четирилисна детелина.
На Инстаграм се прослави како македонски камионџија во САД, а сега веќе може да ја земе титулата инфлуенсер, со 120.000 следбеници на социјалната мрежа.
Дарко Јефремов е роден во Ниш, растен во Скопје, школуван во Битола, а сега работи во САД како камионџија и редовно објавува забавни видеа на својот профил.
Даниела Станковска (29) од Битола, по професија е продукт менаџер во ИТ компанија. Таа неодамна во интервју за CRNOBELO.com откри дека со Дарко се заедно од кога таа знае за себе. Повеќе од 10 години биле најдобри другари и како што велат - најголемите љубови се раѓаат токму од големи пријателства.
Вели дека и двајцата обожаваат да патуваат и дека и кога не биле во врска секогаш патувале заедно... Швајцарија, Италија, Англија, Германија, Турција се само дел од дестинациите кои ги посетиле досега. Ова лето имавме можност да ги следиме како патуваа низ Грција и Македонија, а деновиве се на Хаваи.
Видеото погледнете го ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело