Драстична трансформација на Македонец – „Тогаш имав 100 kg и сега имам 100 kg“
- Детали
- четврток, 05 август 2021
„Слика лево 100 килограми, 2 кутии цигари на ден, по некое пиво преку недела, малку повеќе за викенд, јадење бургери секој ден, појадок бурек..“, искрено кажува Александар Манџуковски.
Александар Манџуковски сега работи како персонален фитнес тренер и горд е на изгледот на своето тело, а само пред извесен период имал опуштен стомак и не се чувствувал добро во својата кожа.
Тој на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 5.700 следбеници покажа каква драстична трансформација направил со тренинзи, исхрана, истрајност и труд.
Александар открива дека на двете фотографии има исто килограми.
Неговата објава:
„Слика лево 100кг, 2 кутии цигари на ден, по некое пиво преку недела, малце повеќе за викенд, јадење бургери секој ден доручек бурек..
Проблеми со масно ткиво, кондиција, проблем со половината.
Слика десно 100кг, цигари НЕ, алкохол само на битни настани, бурек не, бургер 1 неделно со јунешка плескавица. Редовен тренинг, правилна исхрана.
Проблеми нема, масните ткива од 3 станаа 1 и тоа се повлекува.
Вагата не е мерило и бројките на вагата не значат ништо. Со истата килажа различно тело. Сè е до начинот на исхрана, храната што ја внесуваме во одредено време на денот, физичката активност...
Сè можеш ако имаш желба и ако си одлучен, и не е лесно, бара жртвување, бара посветеност, бара труд. Не може за еден месец да поништиш тоа што си му го правел на телото со месеци или години.“
Тој објави уште една споредба и напиша за својата трансформација:
Нормално разлика небо и земја. Разликата не е само во физичкиот изглед. Огромна промена во умот. Огромна промена во начинот на размислување и во начинот на живот.
Првата слика лево, цигари и алкохол колку сакаш. 6 масни ткива. Легнување во 3-4 наутро и спиење до 11. Втората слика без алкохол (само во одредени прилики), цигари никако. Легнување во 12 и станување во 6.
Во целиот процес и 11 книги прочитани. Океј е убаво да изгледаш физички, но најбитно е убаво да се чувствуваш.