„Летнаа 3 недели“ - Весна Петрушевска го испрати синот назад во САД

По 3 седмици во Скопје со мајка си, Кирил се враќа кај татко му во Хјустон, а Весна емотивна како и секогаш кога станува збор за нејзините деца.

letnaa-3-nedeli-vesna-petrushevska-go-isprati-sinot-nazad-vo-sad-01.jpg

Синот на Весна Петрушевска Кирил има 18 години и пред една година одлучи да живее кај неговиот татко во Хјустон.

Летово тој го искористи за посета на својата мајка Весна Петрушевска и престојуваше 3 седмици во Скопје.

Заедно со неговата сестра Мина тој изгледа многу пораснато на фотографијата што ја објави Весна по повод испраќањето на Кирил назад во САД.

„Летнаа 3 недели“, напиша Весна во описот на фотката на Инстаграм.

Инаку во април по повод роденденот на Кирил, Весна објави емотивна објава:

„Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска... демек сум кул и ок...тој стана полнолетен дечко....

Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола 2 броја помали, па имаше некое раниче на малото прсте.

Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и ѝ одговарам: Највеќе е мој... Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот!“

Постари фотки од Кирил:

Фотки од ќерката на Весна, која ѝ е и најдобра пријателка и не се делат:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Весна Петрушевска со емотивна објава: „Ракот е патување на кое патуваш сам“ Весна Петрушевска ги збуни своите следбеници со емотивна објава на својот Инстаг...
Весна Петрушевска со трогателна исповед: „Не знаев дали Мина ќе се разбуди од кома или не“ „На мојата најголема љубов Мина ѝ се случи она што на ниту еден родител не посак...
Весна Петрушевска на одмор со ќерката и кученцето, кое ѝ дошло во најтешкиот период од животот „Минки дојде во можеби најтешкиот период во мојот живот. Дојде како знак, како с...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg