„Солзи капат сами“: Весна Петрушевска со емотивно видео се збогува со синот кој се сели во САД
- Детали
- петок, 17 јули 2020
Синот на Весна Петрушевска 17-годишниот Кирил Тренкоски ќе се сели во САД кај неговиот татко Јанко Тренкоски.
Таму ќе продолжи со последната година од средното образование и ќе се запише на колеџ.
Весна објави емотивно видео со фотографии од летувањето со синот и ќерката Мина и во описот напиша:
„Некој брои гласови, некој денови... родителот треба да е лакот,а стрелата вашето дете. Се е возбудливо и точно кога ќе прочиташ кај Џибран, ама е зафркнато кога треба да го оптегнеш лакот и да летне стрелата. Солзи капат сами... Гаќи и патики му купив дека немало таму. Под стрес може и семки ќе му спакувам...“
https://www.facebook.com/bejbimama/posts/10223675340490315
С. С. | Црнобело