Новинарката Офелија Димковска: „Порано Ц витамин беше лимонот, ракијата лек, а убаво лице беше среќното лице“

„Се отепавме од докажување дека му можеме на времето. Филери, ботокси, екстензии, вештачки трепки, нокти, нутриционисти, овес, лен, протеини, антиоксиданси. ФОТОШОП! Лицата на луѓето се наполнети како препарирани птици, усните се триплирани…“, пишува Офелија Димковска.

novinarkata-ofelija-dimkovska-porano-c-vitamin-beshe-limonot-rakijata-lek-a-ubavo-lice-beshe-srekjnoto-lice-01.jpg

Новинарката Офелија Димковска со објава на својот Фејсбук профил нѐ потсети каде се крие убавината и што правиме погрешно во ова современо општество.

Го пренесуваме нејзиниот статус во целост:

„Се отепавме од докажување дека му можеме на времето. Филери, ботокси, екстензии, вештачки трепки, нокти, нутриционисти, овес, лен, протеини, антиоксиданси. ФОТОШОП! Лицата на луѓето се наполнети како препарирани птици, усните се триплирани, градите стојат како карпи среде море. Ни да мрднат. Којзнае кој си помисли дека ќе биде повеќе сакан оптегнат и нацртан. Дури и овошјето е направено да изгледа како јаболкото од Снежана и седумте џуџиња, па и толку е отровно.

Кај нас дома, се јадеше благо, месо, од јогурт тава до бечки шницли, кој што сака, баба ми имаше само два десерта: крем од гриз и попарени колачи. Многу калорично. Секој ден се правеа кифлички со џем. Никој од тоа не доби шеќер...

Сите доживеаја длабока старост, не беа гојазни иако не вежбаа и не мереа калории: на точак одеа на пазар, пешки насекаде. Дедо ми од лек пиеше по шишенце мерена ракија ако не се смета тоа што јас му одземав еден прст. Ц витамин беше лимонот.

Она што нѐ убива не е храната, она што нѐ разболува не е друго освен неумереноста, воздржувањето, амбициите и стравовите, гневот и нереалните очекувања. Ниеден маж нема да избега поради салце на стомакот на жената, ниту го интересираат оптегнатите образи. Ниедна жена не му ги мери пропорциите на својот љубовник.

Бегаме од себичност, од несподелување, од немарност и малтретирање. Не од што не ни е убава или убав. Чудни приоритети донесоа овие векови. Многумина заборавија дека убаво лице е среќното лице, а не излифтаното. По цел ден поминат по шминкери и фризери за да се појде на интимна вечер совршен, останува само едно решение: сета хемија да се тргне од лицето за да се види вистината. Убавите луѓе имаат една недела предност пред другите. Тоа ќе ни го потврди Заза Габор. Љубовта како и среќата немаат многу врска со совршеноста. Верувам дека Џек Николсон ‘ова е бисер од твојата свиња’ за неговата Анџелика Хјустон, се уште жали по таа страст кон несовршеноста.

Верувам дека убаво лице е среќното лице, а убаво тело е посакуваното тело.

Како што на Харвард воведоа предмет ‘како да се нема цел во животот’ така треба да ги подучуваме денешниве генерации. На погрешен пат се на патот кон среќата. Не пазат да не чукнат на врата која и не постои.“

Не верувам во ништо вештачко! Се отепавме од докажување дека му можеме на времето. Филери, ботокси, екстензии, вештачки...

Posted by Ofelija Dimkovska on Thursday, May 20, 2021

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Aлександра Пилева живее во САД со сопругот и синот (13): „Поминаа 20 години од мојата победа на Макф... „Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции. Немавме ниту еден чове...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
Моша е мини копија на тато – Синот на Слаткар пее срамежливо негова песна додека се возат (видео) Моша делува малку срамежливо додека пее, но сепак ја знае напамет песната од Сла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg