Наша инфлуенсерка сподели интимно видео како плаче: „Не мора да ги водите битките сами“
- Детали
- четврток, 06 мај 2021
Антонија Локвенец објави видео на кое плаче и со кое сака да им порача на сите дека треба да бидат отворени за битките кои ги водат и да побараат помош.
Сите имаме денови кога работите не ни одат од рака и кога чувствуваме дека животот ни се распаѓа.
Македонската лајфстајл инфлуенсерка Антонија Локвенец проговори токму за тоа.
Таа со своите 27.000 следбеници сподели интимно видео на кое плаче за да им покаже дека не се само тие кои водат внатрешни битки, дека и таа како и сите има лоши денови.
„Бев навистина блиску до тоа да го сочувам ова видео само за себе, но правењето на она што ни е некомфорно прави да растеме. Ако минувате низ нешто во моментов, обидете се да истраете и побарајте поддршка од некој – не мора сите битки да ги водите сами“, напиша таа во описот на видеото.
https://www.instagram.com/p/COgS29gA6lZ/
Повеќе фотки од Антонија Локвенец:
Погледнете и Видео интервју со Антонија Локвенец: Како е да се биде... инфлуенсер
С. С. | Црнобело