Здравствените работници во Борис Трајковски танцуваат на „Вакцина“ - новиот пандемиски хит на Александар и Дац
- Детали
- понеделник, 26 април 2021
Дац и Александар ги насмеаја повторно фановите со нивната нова песна „Вакцина“, а и дел од медицинските лица не останаа рамнодушни - тие го почнаа работниот ден танцувајќи на новиот хит.
Дац и Александар направија уште еден „пандемски хит“ за да ја прослават годишнината од објавувањето на „Корона чао“, но и за да им го подобрат расположението на своите сограѓани.
Новата песна, насловена „Вакцина“, има хумористичен текст и веднаш им се допадна не само на фановите на Дац и Александар, туку и на медицинските лица.
На официјалната Фејсбук страница на познатите македонски музичари беше споделено видео снимено во салата Борис Трајковски, на кое се гледаат неколку медицински лица кои танцуваат на новата песна пред да почнат со работниот ден.
„Рано насабајле пред почеток на работно време, химна за старт на денот на нашите доктори и медицински сестри. Љубов, оптимизам и позитивна енергија, заедно со почитување на мерките – за побрз излез од пандемијата“, пишува во описот на видеото.
Вакцина, вакцина, вакцина...Рано насабајле пред почеток на работно време, химна за старт на денот на нашите доктори и медицински сестри :) Љубов, оптимизам и позитивна енергија, заедно со почитување на мерките - за побрз излез од пандемијата ❤️ https://youtu.be/b1jM6HI49ck @Denis Jankulovski #scbt
-->-->Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Monday, April 26, 2021
Спирова С. | Црнобело