Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 427 возила

Скопје, 26.04.2021 година - Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

parkingot-na-vodno-vo-tekot-na-vikendot-go-iskoristile-427-vozila-01.jpg

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 427 возила, според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво наозначените паркиралишта.

Би можело да ве интересира:

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Семејство за пример: Павле Камилоски го носи синчето на грб на Водно, поштедувајќи ја бремената Ирин... Кога имате волја, тогаш ништо не е тешко... бремената Ирина и Павле Камилоски со...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg