Јелена Спенџарска: „Не сонувам дека треба да се омажам или да имам деца што побрзо“

„Не сонувам ни за венчаница! Никогаш ја немам ни замислено како ќе изгледа или како ќе стои на мене...“, вели Јелена Спенџарска.

jelena-spendjarska-ne-sonuvam-deka-treba-da-se-omazham-ili-da-imam-deca-shto-pobrzo-01.jpgФото: Инстаграм Јелена Спенџарска

Водителката Јелена Спенџарска со своите Инстаграм следбеници постојано споделува што ја инспирира и мотивира во животот.

Овојпат таа отворено проговори за своите цели и соништа:

„Не сонувам дека треба да се омажам... или да имам деца што побрзо. Мислам, се е тоа убаво ако ми се случи спонтано и во свое време ама моментално не е мојата животна желба.

Повеќе посакувам да бидам финансиски независна и да можам да го прошетам светот. Да ја изрентам секоја куќа која ќе ми се допадне и да живеам во неа се додека ми е убаво таму.

Не сонувам ни за венчаница! Никогаш ја немам ни замислено како ќе изгледа или како ќе стои на мене. Можеби повеќе се имам замислено во комбинации кои ќе ги носам кога сум опкружена и работам со деловни луѓе кои мотивираат со своите бизнис идеи и ја живеат својата финансиска слобода!

Генерално, не сонувам за ништо за кое ме научиле дека треба да сонувам. Моите соништа се само мои. Не ни очекувам другите да имаат исти како моите и веќе ми е смачено да гледам како на жените им се продаваат една те иста приказна.

Не има толку многу жени, има толку многу соништа за секоја од нас.... Време е да престанеме да сонуваме еден ист!!!!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...
Јелена Спенџарска за темните дамки на лицето: „Требаше да почнам да ја третирам мелазмата порано“ „Нема песимизам, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш... Ова го пишува...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg