Дечиња лаат како далматинци низ Скопје + првоаприлските маски на децата на познатите (фото+видео)
- Детали
- четврток, 01 април 2021
Дечиња од приватна градинка се главна атракција низ Скопје додека шетаат и лаат маскирани како далматинци, ќерката на Сара Мејс е маскирана во еднорог, а ќерката на Тамара Тодевска е преправена во Елса.
Можеби нема да има големи маскенбали годинава, но ништо не ги спречува најмалите да си ја исполнат својата желба и да се маскираат во омилените ликови.
На социјалните мрежи и низ улиците низ Скопје вистинска атракција се дечиња од приватна градинка, кои се маскирани како далматинци и возбудено шетаат и лаат како кутриња, додека се прашуваат зошто сите ги сликаат.
Ме прашуваат - зошто сите не сликаат :) Svetot na Kolores private kinder preschool
Posted by Biljana Karamanolevska on Thursday, April 1, 2021
И познатите личности во Македонија ги покажаа маските на своите дечиња, а некои од нив дури и самите се маскираа.
Погледнете ги најдобрите првоаприлски маски:
Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски
Ќерката на Тамара Тодевска
https://www.instagram.com/p/CNHRM0irXu2/?utm_source=ig_web_copy_link
Синот на Перо Антиќ
Синот на Фросина, шминкерка
Синот на Сања Ристиќ и Дејан Пецаковски
М. М. | Црнобело