Инфлуенсерката Александра Шијакоска: „Пораснав во машки алишта од роднини, па ништо не ми фали“

„Цело средно школо го поминавме со едни фармерки четири братучеди. Не само алишта, немав многу работи поважни од тоа, но од кога знам за себе работам“ - блогерката Александра Шијакоска испраќа моќна порака до помладите девојки.

makedonska-influenserka-porasnav-vo-mashki-alishta-od-rodnini-pa-nishto-ne-mi-fali-1 (1).jpg

Александра Шијакоска е девојка од Битола која секојдневно споделува сегменти од нејзиното секојдневие со фановите на Инстаграм, а целосно е фокусирана на модата.

Нејзиниот Инстаграм профил е како модна разгледница, преполн со прекрасни аутфити, а секоја девојка посакува да има гардеробер како нејзиниот, преполн со секакви модели на чевли, чанти и облека.

makedonska-influenserka-porasnav-vo-mashki-alishta-od-rodnini-pa-nishto-ne-mi-fali-02.jpgфото: принтскрин од Инстаграм / Александра Шијакоска

Но, за да стигне дотаму, таа работела напорно цел живот, а со нејзините фанови сподели дека нејзиниот живот не бил отсекогаш така лесен, но и дека девојките не треба да очекуваат дека со парите од родителите треба да добијат тон чанти и чевли.

Таа е една од ретките инфлуенсерки кои сакаат да зборуваат искрено и да не создаваат лажно совршен живот на Инстаграм.

Со нејзината последна објава на Инстаграм Стори таа предизвика многу позитивни реакции, а голем број од нас сигурно и се пронајдоа во нејзините зборови.

„Јас сум порасната во машки алишта од роднини, цело средно школо го поминавме со едни фармерки четири братучеди (уште ги чуваме фармерките за да се смееме на нив), татко ми ми има раскажувано дека го облекувале во женски од сестрите. Па еве ништо не ни фали.

Не само алишта, немав многу работи поважни од тоа. Од кога знам за себе работам, прво со родителите па сама. Почнав со минимална плата па нагоре. Тогаш почнав да си купувам по некоја ташничка, едни чизми и слично. Сама.

Денес имам тон ташни, чизми, облека каква што сакам и тоа ми е работа. Ама работев напорно за да дојде тој ден. Многу напорно! И секој ден се заблагодарувам за сѐ што имам.

Верував во себе и многу луѓе веруваа во мене. Ме следат и помали девојчиња па сакам да знаат дека не мора и не треба да имаат 10 пара патики, ташни и фармерки, барем додека не почнат да си заработуваат сами. Тогаш со свои пари можете да си купите сѐ што ве прави среќни.

Ако ве прави среќни да имате многу облека, тогаш работете на тоа. Не чекајте и не барајте од родителите да ви купуваат. И јас сакам многу облека, имам и пак купувам секој ден. Ама работам неколку работи за да можам да си дозволам.

Ептен се радувам кога ќе си купам ново парче облека или нова книга, се радувам кога донирам, се радувам кога гледам дека сите ми се на број и здрави, некој пак се радува на нешто друго. Секој со приоритетите.“

makedonska-influenserka-porasnav-vo-mashki-alishta-od-rodnini-pa-nishto-ne-mi-fali-03.jpg

Прочитајте и Отворено со Александра Шијакоска: „Требаше да се сликам на ладно и да се преоблечам на улица – тогаш сакав да се откажам“

Повеќе фотки од Александра на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...
Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“ „Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напа...
Македонската Барби ужива на море во Италија - модно усогласена со жолтите лимони на Позитано Македонската Барби се фотографираше модно усогласена со местото каде што замина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg