„Ако покривот во зградата протекува, дали треба да го платат само станарите кои живеат на поткровје?“

Македонијо, земја на чудата. Пред неколку дена, разгледувајќи различни содржини на интернет, случајно налетав на едно кратко видео коешто го објаснува ова прашање. Дали доколку покривот во зградата е оштетен и протекува, должност имаат да го поправат само станарите кои живеат на поткровје?

ako-pokrivot-vo-zgradata-protekuva-dali-treba-da-go-platat-samo-stanarite-koi-ziveat-na-potkrovje-01.jpgфото: depositphotos.com

Во видеото се објаснува дека за ваков тип на санација потребно е да се соберат потписи за согласност од 51% од станарите за да се поправи штетата или да се отстрани дефектот.

Доколку тие одбиваат да дадат согласност, може да ги дадете на суд и откако судот ќе пресуди во корист на барателот, износот за плаќање се дели подеднакво на сите станари, плус судските трошоци.

Се прашувам како е можно во 2021 година, сè уште да се молиме за собирање на потписи за санација на вакви проблеми во станбени заедници? Дали најсебичните луѓе живеат во станбените заедници? Апсолутно да!

На тие од приземје не им треба лифтот. На тие од приземје не им треба покрив. На тие до 4 кат не им е потребна функционална пумпа за вода, до кај нив притисокот е супер.

Тие од најгорните катови им фрлаат и им тресат ѓубре на тие под нив. Речиси никому не му е гајле како изгледа влезот. Грд, валкан и запуштен, како сцена од хорор-филм.

Станбените управители си ги тријат раце од заработувачката. Да не случајно им текнало да средат нешто, да ги освежат ѕидовите или да спроведат каква било иницијатива за зградата да изгледа поубаво? Ова секако не важи за сите.

Незаинтересирани тие, незаинтересирани станарите. Како станот да не им е дом, како да го изнајмуваат за привремен престој, па не е битно како изгледаат влезот и зградата во којшто припаѓа.

Сета беда, сето домашно невоспитување, сета негрижа и сега ароганција испливуваат на површина кога живеете во станбена заедница. Начинот на кој ги трескате вратите. Не ви е гајле дали сте ја затвориле вратата од лифтот, па колку сака нека го повикуваат тие на приземје.

Ѓубрето што со денови го оставате во заедничките ходници, за да не ви мирисало дома. И заедничкиот ходник ви е дома. И влезот ви е дома. И подрумот, и скалите, и лифтот, и покривот. Ама вам не ви е гајле.

Кога некој се обидува да ви укаже на вашето примитивно однесување го кревате носот и веднаш почнувате со аргументите од кога сте во Скопје и колку долго живеете во зградата. И што со тоа? Кого импресионирате со вашето полувековно живеење во Скопје кога зградата во која сте поминале пола животен век личи на кочина?

Не, не треба покривот да го санира и да го плати само оној што живее најгоре. Не е лично негов покривот. Покривот е на сите. Заеднички е. Како и сè друго погоре наброено.

И само кога ќе погледнете малку подалеку од носот и малку подалеку од сопствената саможивност, ќе сфатите дека животот во станбена заедница и не мора да е толку лош колку што самите си го правите.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg