Средношколци од Македонија освоија престижна награда со нивниот изум - 3Д печатена бионичка рака

Во Македонија се кријат многу надежни иноватори, а тоа го докажува и тимот средношколци, кои направија 3Д печатена бионичка рака која е дури 50 пати поевтина од постоечките протези.

srednoshkolci-od-makedonija-osvoija-prestizhna-nagrada-so-nivnata-3d-pechatena-bionichka-raka-01.jpg

Бионичката рака, изум на Орхан Багашов, Тео Китановски, Борис Ночески и Анамариа Илиева, е глобален победник на натпреварот Generation Unlimited – Youth Challenge, во кој учествуваа 180 тимови од 36 држави ширум светот.

Орхан Багашов е задолжен за дизајнот и електрониката, Тео Китановски за програмирањето, Борис Ночески за социјалните мрежи, Анамариа Илиева за изработката на веб-сајтот, a нивниот тим е наречен eBionics.

https://www.instagram.com/p/CFJ_LH0JdAl/

Орхан најпрво планирал да направи роботска рака, но додека истражувал за својот проект, сфатил дека цената на бионичките раце е огромна. Тогаш, тој и тројцата средношколци од тимот почнале да истражуваат за да откријат што им е најпотребно на луѓето без горен екстремитет и си дале за цел да го решат овој проблем.

srednoshkolci-od-makedonija-osvoija-prestizhna-nagrada-so-nivnata-3d-pechatena-bionichka-raka-04.jpg

srednoshkolci-od-makedonija-osvoija-prestizhna-nagrada-so-nivnata-3d-pechatena-bionichka-raka-05.jpg

За да го направат прототипот на раката за потребите на натпреварот, тимот имал рок од само три дена. И, дефинитивно одлично си ја завршиле работата - ги поминаа првите два круга, а во декември 2020-та, ја освоија и главната награда на натпреварот.

srednoshkolci-od-makedonija-osvoija-prestizhna-nagrada-so-nivnata-3d-pechatena-bionichka-raka-03.jpg

Бионичката рака, наречена Venus Arm, е направена со 3Д печатач и претставува електронска протеза која ги детектира мускулните импулси од подлактницата со помош на сензори.

https://www.instagram.com/p/CAIi-OrAQnq/

„Нашиот модел подразбира дека секој кој има потреба од бионичка рака ќе може да избере своја големина, да ги симне бесплатните модели за 3Д печатење преку интернет, да ја испечати конструкцијата со 3Д печатач, да ги нарача останатите делови од интернет и да ја состави сам, без никакво претходно искуство, во период од 6-7 часа“, велат од тимот.

https://www.instagram.com/p/CFJ_e0bJ1br/

Младите иноватори сметаат дека ова е одлично решение за луѓето без горен екстремитет, бидејќи материјалите за изработка се многу поевтини, а не се плаќа за транспорт, работна рака и профит за производител и добавувач.

„Претпоставената цена за изработка е од 150 до 200 евра, што е околу 50 пати поевтино од наједноставните бионички раце на пазарот“.

https://www.instagram.com/p/CEHgCw2pIN0/

Од тимот велат дека нивната целна група се луѓе кои немаат горен екстремитет и секојдневно се соочуваат со разни проблеми поради ова, како пишување, користење компјутер, интеракција со какви било предмети...

srednoshkolci-od-makedonija-osvoija-prestizhna-nagrada-so-nivnata-3d-pechatena-bionichka-raka-02.jpg

Веќе постојат бионички раце за оваа намена, но најголемиот проблем е што тие чинат 10.000 долари, па и повеќе. Истовремено, најчесто децата се изосавени кога станува збор за бионичките протези, бидејќи постојано растат, па ќе треба да променат неколку протези. Ова значи дека за нив, протезата чини многу повеќе од 10.000 долари. Но, изуот на eBionics ветува дека ќе го промени тоа.

https://www.instagram.com/p/CI3AEaGHMT_/

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg